in , ,

Џорџ Клуни за Бред Пит: Во последно време не изгледа добро

Џорџ Клуни на свој начин се пошегува на сметка на Бред Пит, но и истакна дека актерот во последно време не изгледа добро.

Познатите актери неодамна работеа на претстојниот филм „Wolves“, а Клуни го коментираше својот колега за странските медиуми.

„Убав дечко е Пит. Не знам дали сте го виделе одблизу во последно време. Не изгледа толку добро. Сепак, со шминка и визуелни ефекти можеме да го спасиме“, рече тој.

Дека Бред е и голем шегаџија, Клуни откри за време на премиерата на филмот „The Boys in the Boat“.

„Моите шеги би можеле да траат вечно, но неговите шеги одат до коска. Користи валкани трикови“, додаде тој.

Познатите актери претходно беа видени заедно во Њујорк на снимањето на претстојниот филм, а беа облечени речиси идентично.

„Wolves“, кој повторно ги спојува Пит и Клуни, е режиран од Џон Вотс и направен за Apple TV, за двајца осамени мајстори на кои им е доделена истата работа.

Извор: kajgana.com

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Итересни и по малку комични слики – 8ДЕЛ

ГОДИШЕН ХОРОСКОП ЗА ВАГА ЗА 2024: Вашиот труд ќе биде награден, пари ќе дојдат од сите страни