Познатата актерка Наталија Дончева почина вчера во Франција, на само 56 години, објавија француските медиуми.
Веста ја потврди и нејзиниот агент, кој ја опиша како исклучително талентирана уметница и личност со голема чувствителност. Причината за смртта засега не е соопштена.
Тажната вест ја потврди и нејзиниот брат преку социјалните мрежи, каде напиша дека Наталија починала опкружена од сопругот, родителите и братот.
Дончева е родена во Софија во 1969 година. Нејзин татко е бугарскиот актер Пламен Дончев, а мајка ѝ е Французинка. На 19-годишна возраст се преселила во Париз, каде ја продолжила својата успешна актерска кариера.
Во текот на кариерата настапи во повеќе од 50 филмови и бројни театарски претстави, а беше препознатливо лице и во популарни француски телевизиски серии, меѓу кои „Julie Lescaut“, „Joséphine, ange gardien“ и „Doc Martin“.
Извор: newz24live.com


