in , ,

Зошто поп иконата Никол Шерцингер го одложува потомството? Обожавателите ја сметаат причината за неоправдана

Никол Шерцингер веќе неколку години вели дека „едвај чека“ да има деца, но и овој пат шансите за тоа се минимални, со оглед на тоа што поп иконата оди на Бродвеј.

Откако доби неколку престижни награди оваа година, Никол ќе го има своето деби на Бродвеј во оживувањето на мјузиклот на Ендрју Лојд Вебер, а премиерата е закажана за 20 октомври. 46-годишната пејачка, која е свршена со поранешната рагби ѕвезда Том Еванс, рече:

– Едвај чекам да имам деца. Знам, фановите постојано ме потсетуваат дека часовникот отчукува. Никогаш не побегнав од тоа, но работата ме повикува.

А убавата пејачка го прокоментира и својот навидум совршен сопруг:

– Толку е организиран, секогаш на време, секогаш сè завршува. Во тоа сме суштински различни, па тоа ме прави подобра личност.

Обожавателите коментираат дека биолошкиот часовник навистина отчукува и дека пејачката направила доволно во деловниот сегмент, а дека потомството не е опција која е „засекогаш на менито“, пренесува „Стандард“.

Никол денес го слави својот 46-ти роденден, а ние и посакуваме да го следи своето срце и да и дава приоритет на што и да и каже, неоптоварено со општествени норми.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Not Safe For Work
Click to view this post

Вистината за сексот во вода: Дали е безбеден или не?

Дневен хороскоп за 01.07.2024 – Мотика Хороскоп