in , , ,

ЗАМИНА ПРЕРАНО: Почина познатата актерка Наталија Дончева – причината засега не се соопштува – ПОВЕЌЕ НА ЛИНКОТ ВО КОМЕНТАР 🔻

Познатата актерка Наталија Дончева почина вчера во Франција, на само 56 години, објавија француските медиуми.

Веста ја потврди и нејзиниот агент, кој ја опиша како исклучително талентирана уметница и личност со голема чувствителност. Причината за смртта засега не е соопштена.

Тажната вест ја потврди и нејзиниот брат преку социјалните мрежи, каде напиша дека Наталија починала опкружена од сопругот, родителите и братот.

Дончева е родена во Софија во 1969 година. Нејзин татко е бугарскиот актер Пламен Дончев, а мајка ѝ е Французинка. На 19-годишна возраст се преселила во Париз, каде ја продолжила својата успешна актерска кариера.

Во текот на кариерата настапи во повеќе од 50 филмови и бројни театарски претстави, а беше препознатливо лице и во популарни француски телевизиски серии, меѓу кои „Julie Lescaut“, „Joséphine, ange gardien“ и „Doc Martin“.

Извор: newz24live.com

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сок од ананас како таен сојузник во кујната: Ензим кој може да го омекне дури и најтврдото месо

Колку кафе треба да пиете според вашите години?