Поранешната икона на филмовите за возрасни и успешна бизнисменка, Џена Џејмисон, уште еднаш докажа дека знае како да го привлече вниманието на јавноста.
Овој пат, таа не позираше во провокативно издание, туку направи нешто многу похрабро – се соблече од дигиталните маски и филтрите кои секојдневно ги користиме на социјалните мрежи.
На својот Инстаграм профил, 52-годишната Џена објави сурово искрено селфи снимено од близу додека лежи во кревет. Без шминка, со разбушавена руса коса врзана во пунџа и во најобична цветна маичка, таа гордо ги покажа своите пеги и тетоважи на рамената.

„Без филтри, како противтежа на мојата огромна љубов кон уредувањето фотографии“, кратко напиша Џејмисон во описот на фотката.
Оваа фотографија не е само обично селфи, туку симбол за нејзината нова животна филозофија и тешките пресврти низ кои помина. Животот на славната Американка во последните неколку години беше вистински ролеркостер.

Во 2022 година таа водеше тешка и јавна битка со мистериозна болест која привремено ја остави неподвижна во болнички кревет.
По сите животни удари, Џена јавно објави дека му се враќа на христијанството, нарекувајќи го овој период свој пат на „раст и искупување“.Токму затоа, нејзиното „разголување“ пред камерата без вештачки разубавувања е јасна порака за самоприфаќање и нов почеток во нејзиниот живот.
фото:instagram printscreen/jennacantlose
Извор: vistina.com.mk


