in , ,

Германка третпат роди близнаци

Жена од јужна Германија роди близнаци по третпат. Ќерките на Јасмин Ритнер – Јулија Ања Валентина и Естефанија Лорена Мари се родени на 27 мај, објави болницата којашто се наоѓа во Фирт на „Инстаграм“.

„Еднаш е посебно. Двапати е извонредно. Трипати по ред е тешко да се поверува“, се вели во објавата.

Ритнер и нејзиниот сопруг Андреас ги пречекаа близнаците Даниел и Емилио во летото 2023 година, а потоа и Симоне и Анастасија една година подоцна. Така, третиот пар близнаци не беше изненадување за Андреас. – Воопшто не мислев дека ќе се родат само првите, изјави тој за ДПА за време на бременоста на неговата сопруга.

Ритнер рече дека отсекогаш сакала да има многу деца.

– Дефинитивно е убаво чувство – додаде таткото Андреас.

Д-р Ања Форстер ја следеше Ритнер за време на сите три бремености, па една од последните девојчиња е именувано по неа. Форстер рече дека третиот последователен пар близнаци е извонреден случај, особено затоа што двојката не користела третмани за плодност.

– Тоа е само случајност – рече докторката.
(МИА)

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како кафето предизвикува лош здив?