in ,

Сосема поинаква пица: Наместо тесто, основа од компир

Обожавате пица, но сте алергични на глутен. Исфрлете го тестото и користете компири наместо брашно. Еве рецепт за поздрава пица, со помалку калории:

Состојки:

-5 компири

една шака спанаќ, исечкан
1/2 жолта пиперка, исечкана
една шака чери домати, преполовени
3 јајца
1/2 чаша млеко
една шака сирење

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200°C. Варете ги компирите додека не омекнат. Подгответе сад со дијаметар од околу 23 см, потоа ставете ги компирите и изгмечете ги така што ќе го покријат дното. Прелијте малку масло врз компирите и зачинете со сол и црн пипер. Додадете го спанаќот, пиперките и доматите. Измешајте ги јајцата со млеко и прелијте ја смесата врз зеленчукот. Посипете со сирење одозгора и печете 25-30 минути.

извор:popara.mk
фото:Freepik

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто некои мажи мислат дека ниедна жена не е доволно добра?

Викенд хороскоп: 8–10 мај 2026