in ,

Како да испечете сочен и крцкав помфрит во рерна?

Ако правите помфрит во рерна, благодарение на додавањето на една состојка, ќе можете да постигнете идеална крцкавост. Тоа е пченкарен скроб.

Потребни ви се следниве состојки: килограм компири, голем сад со ладна вода, три лажици маслиново масло, две лажици пченкарен скроб, а доколку сакате, можете да користите и сол, бибер, пиперка во прав и лук во прав.

Подготовка

Исечете ги компирите, а потоа потопете ги во ладна вода од 30 минути до три часа. Ова ќе го извлече вишокот скроб што инаку би го направил леплив на плехот за печење.

После тоа, исушете ги со чиста кујнска крпа. Зачинете обилно со сол, бибер и други зачини по желба. Прелијте со три лажици масло и истријте. Земете плех за печење, обложете го со хартија за печење и наредете ги парчињата компири.

Посипете ги со неколку полни лажички пченкарно брашно. Добро измешајте за да не се згрутчи. Ставете ги во рерна загреана на 190 степени Целзиусови 20 минути додека не омекнат.

Извадете ја тавата, зголемете ја температурата на 220 степени Целзиусови и свртете го секое парче компир. Вратете ги во рерна уште 10 минути.

Извор: kajgana.com

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид

„Богојавление – Водици 2026“ во Велес: Стојанче Илчевски, од месноста Варналиите, го извади Чесниот крст од осветени води на Вардар во Велес (видео и фото)