in , ,

Ако ве нападне глад пред спиење, има намирници што можете да ги јадете без проблем

Гладни сте, цревата ви кркорат, а веќе е доцна и се подготвувате за во кревет? Не си легнувајте гладни, овие намирници може да ги јадете без грижа на совест.

  1. Тврд кашкавал

Една порција од овој кашкавал ќе ве засити, а има само 80 калории.

  1. Овесни снегулки

Имаат околу 200 калории, лесно се варат и ги олеснуваат мачнините во стомакот.

  1. Павлака без маснотии

Шолја павлака без маснотии ќе му ги даде на организмот потребните протеини и ќе ви го олесни сонот. Пробиотските дејства ќе ги смират и цревата.

  1. Бело пилешко месо

Доволни се 2 мали парчиња за вечера. На тој начин ќе внесете висококвалитетни протеини со ниска количина масти.

  1. Јаболко со путер од кикирики

Јаболката имаат доволно хранливи влакна и ќе ви ја задоволат желбата за нешто слатко, а путерот од кикирики ќе ви даде чувство на ситост.

  1. Чоколаден пудинг без маснотии

Лесниот чоколаден пудинг купен од продавниците за здрава храна ќе ве засити без да се здебелите.

  1. Банана

Бананите се совршен плод кој може да ве засити непосредно пред спиење, а нема да ви наштети на линијата и килограмите.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

АРАПСКИ КОЛАЧ СО БАДЕМИ: Готов додека да го испиете кафето, а вкусот е неверојатен

Астролошки феномен: 3 знаци ќе станат моќни и богати до крајот на 2025 година