in ,

АРАПСКИ КОЛАЧ СО БАДЕМИ: Готов додека да го испиете кафето, а вкусот е неверојатен

Ќе ви треба:

250 г гриз
100 г брашно
150 г шеќер
200 г јогурт
100 г путер
1 кесичка прашок за пециво
една шака бадеми

За сирупот:

200 г шеќер
200 мл вода
1 лажица сок од лимон
1 лажичка ванила

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад измешајте го гризот, брашното, шеќерот и прашокот за пециво. Потоа додадете го јогуртот и растопениот путер и соединете во мазна смеса. Истурете во плех обложен со хартија за печење. Декорирајте со бадеми одозгора. Печете ја питата околу половина час до 35 минути, во рерна претходно загреана на 180 степени. Одделно, сварете го шеќерот, водата и сокот од лимон за да го направите сирупот. Оставете малку да се олади, а потоа прелијте го млакиот сируп врз топлата смеса.

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хороскоп за четврток, 25 декември 2025 година година

Ако ве нападне глад пред спиење, има намирници што можете да ги јадете без проблем