Почнав од поодамна со блогерството каде бев активен со мои текстови и натписи. Денес поседувам еден мој забавен портал каде ставам повеќето натписи од други веб страни. Да не беше блогерството никогаш немав да го научам Македонскиот јазик како што го владеам сега. Во 1997 година се вративме од Германија, а тогаш не знаев да пишувам на Мекедонски јазик. Денес во поново мое време сум много подобар така да го владеам много повеќе Македонскиот јазик. Активен сум уште од 2007 година на интеренет. Така да доколку сакате повеќе Македонскиот јазик да научите отворете веб страна и куцајте свои текстови.


