Повеќе од милијарда луѓе ширум светот страдаат од мигрена, а бидејќи точно што ја предизвикува сè уште не е познато, ублажувањето на симптомите може да биде тешко. Корисничката на TikTok, Тили Вокер, сподели еден бизарен трик што неа ѝ помага.
Имено, таа објави видео на кое лежи в кревет со шише ледена вода на челото.
„Како спијам затоа што ниеден лек не ми помага со мигрената, но балансирањето на шише вода на главата ја запира болката“, напиша таа. Го препорачува ова на сите затоа што ѝ го променило животот.
Иако овој трик изгледа чудно, експертите велат дека навистина може да помогне. Неврологот Ноа Розен изјави за New York Post дека притисокот врз челото се практикува со векови за ублажување на болката – од поставување камења до врзување шал околу главата. Силен стимул потиснува друг, како триење околу исеченица од хартија.
„Постојат дури и уреди како што е Nerivio фластерот, кој користи стимул на раката за ублажување на главоболките“, додаде таа. Тили им напомена на следбениците дека шишето мора да биде полно за ова да биде ефикасно.
Иако многумина се сомневаа во ефикасноста на овој метод, многу луѓе во коментарите наведоа дека успеале да ја ублажат мигрената.
„Бев скептична. Многу ми е мило што ова функционираше“, „Мислев дека сум единствената што го практикува ова“, „Ти благодарам што ме спасивте“, се некои од реакциите.
Извор: kajgana.com


