in ,

Царски мафини: Вкусни и заситувачки, совршени за доручек или ужина

Ви треба:

2 јајца
100 мл млеко
100 мл јогурт
60 мл масло
200 гр брашно
1 кесичка прашок за пециво
1 црвена пиперка
150 гр шунка
100 гр сирење
сол, бибер
1 лажичка суви зачини

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во поголем сад изматете ги јајцата, млекото, јогуртот и маслото. Потоа додадете брашно, прашок за пециво, сол, бибер и суви зачини. Сè убаво измешајте за да добиете компактна смеса. Додадете ситно сечкани пиперки, шунка и сирење, па добро измешајте. Обложете го калапот за мафини со хартиени чаши. Наполнете ги калапите со подготвената смеса, но не до крај, бидејќи мафините ќе нараснат при печењето. Печете 20 до 25 минути во рерна загреана на 180 степени. Користете чепкалка за заби за да проверите дали се варени. Извадете ги од рерна и оставете ги да се изладат.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп: Вторник 1-ви Април 2025 година

Дневен хороскоп за 02.04.2025 – Мотика Хороскоп