in ,

ПОСНО МЕДЕНО СРЦЕ: Едноставен колач со скап вкус, за сите прилики

Ви треба:

250 гр брашно
150 гр шеќер
250 мл кисела вода
120 мл масло
6 лажици џем од кајсии
3 лажици какао
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка цимет
сецкани бадеми

За прелив:

150 гр чоколадо за готвење
2 лажици масло

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во сад измешајте брашно, какао, сода бикарбона и цимет. Посебно соединете ја киселата вода, маслото, шеќерот и три лажици џем, па додадете ги сувите состојки. Соединете со миксер, па истурете во плех обложен со хартија за печење. Се пече околу половина час, во рерна загреана на 200 степени. Преостанатиот џем намачкајте го на врелиот колач. Чоколадото со маслото растопете го на пареа. Оладениот колач прелијте го со слаткото. Посипете со сечкани бадеми. Уживајте!

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ХОРОСКОП ЗА 30-ТИ МАРТ: Раковите војуваат со семејството, Лавовите да слушаат совети

Дневен хороскоп за 31.03.2025 – Мотика Хороскоп