in , , ,

(Видео) Маж упадна на сцената на концерт на Северина, пејачката го спречи обезбедувањето да го одведе

Северина одржа голем концерт во Карловац, каде пејачката ја натера публиката да танцува со нејзините најголеми хитови, а додека ја изведуваше песната „Италијана“, еден обожавател истрча на сцената и почна да танцува.

Неговата среќа не траеше долго бидејќи веднаш се појави обезбедувањето, го грабнаа и се обидоа да го одвлечат од сцената.

Сепак, Северина била толку воодушевена од неговите танцови потези што ги замолила обезбедувачите сепак да му дозволат да танцува.

„Пуштете го, супер е!“, кажала пејачката на микрофонот.

Тие потоа се повлекле, а тој продолжил да ужива со Северина на сцената.

@pavlashian #severina #karlovac #koncert ♬ original sound – Leone Pavlashian

Инаку, како што пренесуваат хрватските медиуми станува збор за Лео Павлачиќ, попознат како Леоне Павлашијан, кој се натпреваруваше во „Икс фактор Адрија“ пред неколку години. Тој на сцената тогаш беше облечен како жена и пееше песни од Евровизија, но не успеа да продолжи понатаму во конкуренцијата.

Видеото од концертот набрзо стана вирално на Тикток, а го објави самиот Лео, кој покрај видеото напиша: „Тој момент кога ѝ влетуваш на Северина на сцената“.

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 10 ДО 17 МАРТ: Овните чекаат промени на работа, Водолијата треба да внимава на парите

Дневен хороскоп за 11.03.2025 – Мотика Хороскоп