in , ,

Познатиот композитор откри детали за здравствената состојба на Саша Поповиќ: „Тој е борец, сила! Ќе се избори…“

Креативниот директор на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ, поради здравствени причини веќе извесно време не се појавува на снимањата на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

Многумина се загрижени за неговата состојба и се прашуваат кога ќе се врати на сцената, бидејќи неговото присуство недостасува.

Поповиќ целосно се повлече од медиумите за да се посвети на својот опоравок во кругот на семејството.

Сега, еден од неговите блиски соработници, композиторот и текстописец Горан Ратковиќ Рале, проговори за неговото здравје, откривајќи дека тие двајца сè уште соработуваат.

„ВО КОНТАКТ СМЕ. СÈ Е ВО РЕД, ОДЛИЧНО… САЛЕ Е БОРЕЦ, ЌЕ СЕ ИЗБОРИ. НЕ САМО ШТО МИСЛАМ, ТУКУ ЗНАМ – ТОЈ Е СИЛА!“, ИЗЈАВИ РАЛЕ ЗА „СКАНДАЛ“.

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за 19.02.2025 – Мотика Хороскоп

Дневен хороскоп за среда, 19-ти февруари 2025-та