in ,

Чоколадото во ладилник го губи својот вкус

Чувањето чоколадо во фрижидер придонесува тоа да придобие лош вкус. Според стручњаците и познавачите, тоа е лошо од неколку причини, пишува порталот „Индекс“.

Имено, чоколадото лесно може да ги апсорбира вкусовите на другите намирници во ладилникот, па тоа, се чини, е главна причина за губење на слаткиот вкус. Промената на бојата е уште еден проблем што се јавува кога влагата во фрижидерот влијае врз шеќерот во чоколадото, којшто се јавува на површината и тоа добива „бледа“ боја.

Се препорачува чоколадото да се чува на место каде што температурата е меѓу 12 и 18 Целзиусови степени.

Извор: kurir.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тетоважи на очното јаболко: ризичен тренд (25 фотографии)

Зошто експертите препорачуваат миење на забите пред појадок?