in , ,

Рецепт со кој шампитата ќе има вкус како од слаткарница

Шампита е веројатно најслатката торта што можете да ја пробате. Многу лесно се прави, а со овој рецепт ќе биде како од слаткарниците.

Рецептот за овој познат десерт го најдовме на YouTube каналот Kuhinja za 10.

Потребни состојки:

  • 8 јајца
  • 32 лажици шеќер
  • 8 лажици масло
  • 8 лажици млеко
  • 8 лажици брашно
  • ½ лажичка прашок за пециво
  • 1 лажица сок од лимон
  • 2 кесички ванилин шеќер

Подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките, па во жолчките додадете 8 лажици шеќер и изматете со миксер. Потоа додадете 8 лажици масло и 8 лажици млеко и продолжете со матење со жица. После тоа додадете брашно и прашок за пециво и убаво изматете.

Смесата се истура во тавче со димензии 25х30 сантиметри и се пече 8 минути на температура од 160 степени. За тоа време направете шаум.

Во тенџере сипете вода и оставете да зоврие, а во садот со белките додадете 24 лажици шеќер, лажица сок од лимон, 2 кесички ванилин шеќер и изматете со жица. Смесата со белките загрејте ја на пареа над тенџерето во кое зоврила водата.

По 10 минути, можете да ја префрлите смесата во поголем сад и да ја изматите во цврст снег. Нанесете го шаумот на кората, обликувајте и оставете да се стегне најмалку 10 до 15 минути.

Извор: kajgana.com

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Креативни предмети кои инспирираат и восхитуваат (27 фотографии)

Not Safe For Work
Click to view this post

Интересни факти за интимните односи