in ,

Не го заборавајте овој дел од лицето: Тој особено страда од сонце, набавете го овој SPF за да го заштитите

Кожата во оваа област е особено тенка, па затоа произведува повеќе меланин под влијание на сонцето.

Сите ние обично бараме решение за темните кругов под очите во шминката – коректор со висока покривност, малку хајлајтер на вистинското место и проблемот, навидум, е решен.

Меѓутоа, ако темните кругови не исчезнуваат или стануваат уште поизразени година по година, причината често лежи во негата на кожата. И тоа не е затоа што ви недостасува серум против хиперпигментација или крем за очи, туку поради еден основен чекор што многумина го забораваат – заштита од сонце под очите.

Темни кругови и хиперпигментација: Како влијаат УВ зраците врз нив?
Темните кругови често се поврзуваат со хиперпигментација, која дополнително се влошува од УВ зраците на сонцето.

Кожата околу очите е една од најтенките на лицето, па затоа произведува повеќе меланин кога е изложена на сонце. Ова ги прави темните дамки и темните кругови поизразени, а дури и најдобрите производи за осветлување на кожата не можат да ги обезбедат посакуваните резултати ако не користите крем со заштитен фактор.

Кој SPF треба да го користите околу очите?

За оваа чувствителна област се препорачува крем со заштитен фактор SPF 30, кој треба да се нанесува секое утро, без оглед на сезоната или временските услови.

Доколку не ви се допаѓаат тешки или мрсни текстури и бели траги што ги оставаат некои производи, проѕирно стикче со SPF е одличен избор кое е лесно и прецизно за нанесување. На луѓето со чувствителна или реактивна кожа им се препорачува да користат креми со церамиди и SPF, бидејќи тие истовремено ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата и штитат од UV зраци кои ја влошуваат хиперпигментацијата.

Очила за сонце – дополнителна заштита за кожата околу очите
Заштитата од сонце не завршува со нанесување на кремот. Висококвалитетните очила за сонце со UV заштита ја штитат чувствителната кожа околу очите, особено областите кои понекогаш е тешко целосно да се покријат со крем. Тие исто така спречуваат постојано трепкање на сонце, што дополнително го оптоварува ова подрачје. Затоа, очилата за сонце не треба да се гледаат само како моден додаток, туку и како важен дел од вашата дневна рутина за нега на кожата, објавува Elle.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за 09.08.2026 – Мотика Хороскоп

Дневен хороскоп за недела, 9 август: Еве ги знаците кои можат да очекуваат љубовни изненадувања, важни средби и одлуки што можат да променат сè