in

Червар: Лазаров добро ја прочитал мојата книга, Македонија играше одбрана како никој досега!

Лино Червар, легендата на хрватскиот ракомет и поранешен селектор на Македонија за хрватски „Нет“ даде анализа на досегашните случувања на Европското првенство во ДанскаШведска и Норвешка. Секако, искусниот стратег зборуваше и за Македонија, и истакна дека нашиот селектор Лазаров сигурно добро ја анализирал неговата книга.

„Лазаров добро ја прочитал мојата книга. И тој, со еден врвен играч како Кузмановски, кој порасна со мене во Металург, и нова, поинаква одбрана, ја држеше Португалија на раб на елиминација, која вчера ја победи Данска. Да не му паднеше топката од рака двапати на Македонците, Португалија ќе беше елиминирана. Македонија е скромна репрезентација, но со иновативен пристап што ги надминува своите граници“, рече Червар.

Оддалечување од застарената зона 6-0 е во центарот на анализата на Червар. Тој тврди дека иднината на ракометот лежи во креативното и проактивно размислување, што Лазаров и Македонија го демонстрираа на Европското првенство.

„Тие проактивно играа одбрана каква што никој никогаш не играл, што го предлагам во книгата. Со тоа, тие целосно ги запреа браќата Коста и не им дозволија да играат. Токму затоа што Македонија играше проактивно. Имаме два начина на проактивна одбрана – одбраната 5-1 од најсовремен тип што ја предлагам во книгата и она што го игравме 5-1 таму од 2003-2004 година и онаа против Французите минатата година на Светското првенство, кога ги победивме“, вели Червар.

Македонија веќе го заврши својот настап на ЕП, но секако дека момците на Кирил Лазаров оставија позитивен впечаток. Доказ за тоа се и пофалните зборови на легендарниот Червар.

Извор: gol.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ИТАЛИЈАНСКИ БРУСКЕТИ НА ДОМАШЕН НАЧИН: Идеални за убава вечер со пријателите

Најсреќниот знак во 2026 добива шанса што се случува еднаш на 12 години