in , ,

Посни Рафаело топчиња кои се исти како оригиналните

Ви треба:

8 лажици згуснувач
200 г кокосово брашно
250 г посен маргарин
250 г шеќер во прав
цели печени зрна лешник

Подготовка:

Загрејте половина литар вода додека не зоврие. Растворете го згуснувачот во малку ладна вода, потоа додадете го во врелата вода и варете кратко, додека не се згусне. Потоа оставете го целосно да се олади. Додадете го кокосовото брашно во изладената смеса. Одделно, матете го маргаринот со шеќер во прав додека не добиете пенаста смеса. Соединете сè во компактна смеса. Формирајте топчиња со раце и ставете по еден лешник во средината на секое. Потоа извалкајте ги во кокос.

извор:попара.мк
фото:Freepik

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за 18.12.2025 – Мотика Хороскоп

Дали смеењето е заразно? Еве како науката го објаснува овој феномен