in , ,

(Фото) Машина вредна 70.000 евра: Зорана се почасти со нов автомобил, а еве што ја чекаше во багажникот!

Блогерката и инфлуенсерка Зорана Јовановиќ моментално ужива во мирен живот со свршеникот Елоје Рум во Холандија. Двојката не крие дека живее исполнет и удобен живот, а сега си дозволиле уште еден луксузуз, а тоа е нов автомобил.

Во својот последен влог, Зорана сподели со своите следбеници дека таа и Елој купиле ново „БМВ“, и тоа не било какво. Станува збор за спортски модел M40i, чија цена во салоните достигнува вртоглави 70.000 евра.

Двојката се одлучи за елегантен сив екстериер, додека внатрешноста на автомобилот е обложена со кафеава кожа, со целосен М пакет додатоци, кој вклучува спортски седишта, напредна електроника, алуминиумски тркала и препознатлив „агресивен“ изглед.

– Воодушевени сме! Горди сме на ова – рече Зорана во влогот, покажувајќи го автомобилот од сите агли.

Вистинскиот ВИП третман за Зорана и нејзиниот партнер беше организиран и од вработените во салонот. Кога го отворија багажникот на новиот автомобил, ги чекаше вистинско изненадување. Имаше скап шампањ и две капчиња со логото на „BMW“, како знак на благодарност за купувањето и добредојде.

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мачки кои ја водат целата претстава (30 фотографии)

Хороскоп за 13 август: Овните ги очекуваат промени, Лавовите ќе уживаат во љубовта – espreso.mk Хороскоп