in , ,

ЏЕМ ОД КАЈСИИ СО САМО 2 СОСТОЈКИ: Секое залче е вкусно и носталгично

Ви треба:

2 кг зрели кајсии
600 г шеќер

Подготовка:

Добро измијте ги кајсиите, потоа извадете ја семката и ставете ги во голем сад. Прелијте го со шеќер и добро измешајте. Доведете го џемот до вриење на средна температура, мешајќи повремено. Откако ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете го да крчка околу 45 минути. Потоа тргнете од оган и истурете го во чисти, стерилизирани тегли. Ставете ги теглите во претходно загреана, исклучена рерна и оставете ги таму додека не се изладат целосно.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Стереотип или вистина? Дали мачките навистина сакаат постојано да бидат сами?

ВИДЕО: Гад дем видео на денот