in ,

Јапонски научници открија рецепт за подобар сон

Јапонските научници открија трик од 15 минути кој може да ви помогне кога страдате од несоница.

Оние кои патат од несоница знаат дека малку работи можат да бидат полоши од чувството на замор, исцрпеност и недостаток на енергија што го чувствуваат секое утро по непроспиената ноќ.

Постојат многу трикови, рецепти, чаеви и бабини совети кои помагаат при несоница, но има многу луѓе на кои ништо не може да го реши овој проблем. Ако веќе сте пробале сè и ништо не успеало, јапонските научници откриле нешто што може да помогне.

Иако веќе е докажано дека топлата купка пред спиење помага, сега е пресметано оптималното време кое треба да се помине во када или туш за методот навистина да функционира. Експертите од јапонскиот универзитет „Кјушу“ го измериле квалитетот на сонот кај 23 лица, мажи и жени од различна возраст.

Резултатите објавени во Журналот за физиолошка антропологија покажуваат дека опуштањето во топла бања 15 минути или повеќе, неколку часа пред спиење, помага побрзо да заспиете и ги намалува шансите да се разбудите во текот на ноќта.

фото: Freepik

Извор: Курир

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за 27.06.2025 – Мотика Хороскоп

ФОТО: За тебе ќе направам се :)