in ,

Дали сте пробале Бразилска лимонада? Освежувачки пијалок совршен за летото

Кога почнуваат високите температури, спасот најчесто го бараме во климатизирани простории, сладоледи и освежителни пијалоци. Покрај стандардните пијалоци, летово хит ќе биде и бразилската лимонада.

Се разликува од класичната по еден додаток, а тоа е кокосово млеко.

Бразилската лимонада се подготвува така што две лимети се оставаат во замрзнувач еден час, а потоа се сечат на парчиња. Парчињата и водата ставете ги во блендер (толку колку да ги покрие парчињата). Изблендирајте, па процедете го бистриот сок без пулпа и кожа.

Потоа измешајте го процедениот сок со половина лименка кондензирано кокосово млеко, добро измешајте и уживајте во вкусот.

фото: Freepik

Извор: Курир

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп: Среда, 25-ти јуни 2025-та година

Успехот им се насмевнува: Родените во овие хороскопски знаци се магнети за пари, лесно се збогатуваат