in ,

ЧОКОЛАДНИ ТОПЧИЊА СО КИКИРИКИ: Мали колачиња кои се топат во уста

Потребно е:

113 гр крем сирење
125 гр путер од кикирики
120 гр шеќер во прав
100 гр чоколадо
мелени кикирики

Подготовка:

Прво ја подготвувате смесата. Во сад измешајте крем сирење, путер од кикирики и шеќер во прав. Изматете ја смесата додека не стане кремаста. Покријте го садот со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер половина час. Потоа извадете ја смесата од фрижидер и со лажица одвојте ги парчињата од смесата. Со раце обликувајте топчиња. Се валкаат во мелени кикирики и се топи чоколадото со една лажица масло на тивок оган. Со глазурата прелијте ги топчињата и декорирајте со шарени трошки по желба.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

(Фото) Луксуз во домот на Анастасија Ражнатовиќ: Каминот ѝ чини вртоглави 2.000 евра!

Дневен хороскоп за 21.02.2025 – Мотика Хороскоп