in , ,

Ветеринарка откри кои се 4-те најпослушни раси: Интелигентни кучиња кои сакаат да учат

Доколку сакате да набавите расно куче, но не сте сигурни кој е вистинскиот избор според вашиот животен стил, најдобро би било да се консултирате со стручни лица. Повеќето раси се послушни, но особено се издвојуваат четири раси.

Ветеринарката Ребека Мекмилан од британската организација Many Pets истакна кои се најпослушните раси на кучиња со кои најчесто се среќава во текот на работата.

„Тоа се интелигентни кучиња кои се селективно одгледувани за работа. Со ментална стимулација и физички вежби, овие кучиња можат да бидат „граѓани за пример“ кои се добро обучени“, вели ветеринарот Мекмилан.

Таа истакнува дека тоа се кучиња кои слушаат, но дека се многу мотивирани од храна или награда.

„Секогаш има исклучоци од правилото, но според моето искуство, најпослушните раси на кучиња се бордер коли, пудлици, лабрадор ретривери и германски овчари“, рече таа.

Обично се паметни и желни да научат нови задачи. Тие, исто така, можеби биле одгледувани во текот на многу генерации поради нивната послушна природа, што може да биде корисно во одредени работни средини.

Ако се чини дека вашето домашно милениче сè уште не слуша, можеби тоа е затоа што е „полно со енергија и не може да се фокусира“. Важно е да се напомене дека овие раси бараат многу поголема физичка активност и ментална симулација, па затоа не се добар избор за помали простори, луѓе со премногу обврски и семејства.

Меѓутоа, ако се одлучите за една од овие раси, таа препорачува да ги тренирате во средина каде што нема одвлекување на вниманието. Исто така, обидот да го научите вашето куче премногу нови трикови може да биде проблематично, затоа фокусирајте се на една по една задача.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трите најмоќни хороскопски знаци во 2025 година внимавајте ако сте околу нив

Дневен хороскоп за 09.02.2025 – Мотика Хороскоп