in ,

Брз колач со мак: Чоколаден и неодолив, сите ќе ви го бараат рецептот

Потребно е:

За тестото:

2 чаши млеко
2 чаши шеќер
1 чаша масло
3 чаши брашно
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашок за пециво
200 гр семе од афион

За прелив:

100 гр чоколадо
3 супени лажици млеко
10 гр маргарин

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад измешајте ги шеќерите, брашното, афионот и прашокот за печиво. Истурете го млекото и маслото и измешајте со жица додека убаво не се соедини. Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење. Во тенџере истурете 3 лажици млеко, оставете да зоврие, па додадете ја искршената чоколада. Се трга од шпорет и се топи на тивок оган. Потоа додадете 10 гр маргарин. Прелијте го колачот.

Извор: Попара

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп 21 декември 2024 година

ТИК ТОК ВИДЕО: Слободни и женети мажи