in ,

Женските солзи ги прават мажите помалку агресивни, велат научниците

Ново научно истражување покажува дека мирисот на женските солзи ја намалува агресијата кај мажите.

Тоа ќе рече – мажите кои ги помирисале солзите на испитаничката биле 44 отсто помалку агресивни, во случајов при играње видеоигри што предизвикуваат таков одговор поврзан со активноста на мозокот и центрите одговорни за реакцијата на агресија.

– Намалувањето на агресијата нам ни беше импресивно, се чини – реално. Што и да има во солзите, навистина ја намалува агресијата, истакна Ноам Собел, професор по Невробиологија на Институтот за наука „Вајцман” во Реховот, Израел.

Тој ги предводел истражувањата со Шани Агрон, па нивниот заклучок вели дека кога агресивната реакција е во игра, а мажот е наведен да верува дека жената го изневерува и дека тој треба да се одмазди, испитаникот е значително посмирен кога ќе помириса женски солзи. Во истражувањето создадено со намена да предизвика реакција, се открива дека солзите на жената содржат хемикалии коишто значително влијаат на намалување на агресијата кај мажите. Испитувањето е објавено во „ПЛОС бајолоџи“ (PLOS Biology).

Претходно беше познато и дека агресивноста на мажјаците кај глодарите се намалува кога ќе помирисаат женски солзи поради социјална сигнализација.

Проф. Собел верува дека хемикалиите во солзите можеби го добиле тоа својство и заради заштита на бебињата. Авторите додаваат дека пронашле слично однесување кај глувците, што е спротивно со тврдењето дека емоционалните солзи се својствени само за човекот.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Се омажи Адријана Лима: Познатата манекенка ја покажа бурмата на плажа (фото)

Дневен хороскоп: Среда, 18-ти декември 2024-та година