in ,

4 „стапици“ што треба ги одбегнете на почетокот на врската

Во потрагата по партнерот со кој сакаме да го поминеме целиот живот понекогаш сме нестрпливи и избрзуваме, ризикувајќи да ја оддалечиме од себе личноста која можеби е совршена за нас.

Почетокот на врската обично е бурен, полн со возбуда и случувања, но тоа не значи дека не може самите да си направиме саботажа со некоја избрзана постапка.

Ова се најчестите стапици во кои паѓаме на почетокот на врската и си ги намалуваме шансите за нашата приказна „и си живееја среќно засекогаш“.

Споделување премногу информации на првиот состанок

Интимните приказни за себе и вашето семејство зачувајте ги за себе на почетокот, додека уште не сте блиски со личноста со која сте на состанок. Почитувајте ја својата и туѓата интима и споделете работи што ве претставуваат вас како личност. Подлабоките теми ќе излезат сами со тек на време. Тука спаѓаат и детални информации за вашите претходни врски, за работата и вашите очекувања од врската.

Прерано изјавување љубов

Љубовта е прекрасно чувство, меѓутоа и за прекрасните работи има вистинско и погрешно време. Ако премногу рано во врската кажете „те сакам“ колку и да е тоа вистинито и искрено, може да звучи неискрено и очајно и да ја оддалечите саканата личност од себе, наместо да ја привлечете.

Во оваа фаза, голема е веројатноста дека станува збор за затресканост, а не за љубов. И самите знаете дека кога некој ви изјавува љубов сакате таа личност да биде 100% сигурна во своите чувства и намери кон вас.

Премногу често допишување

Јасно е дека кога некој ви се допаѓа сакате да поминувате што е можно повеќе време со таа личност, а кога не сте заедно, да бидете во контакт преку пораки. По некоја симпатична порака, споделување информација или смешен гиф е сосема во ред, но немојте да го окупирате целото време и внимание на личноста која штотуку ја запознавте и допрва ќе ја запознавате. Оставете малку простор да си недостигате.

Љубомора

Довербата е од клучно значење во секоја врска, во секоја фаза од врската. Ако покажете контролирачко и љубоморно однесување од самиот старт, немојте да се зачудите ако личноста за која сте заинтересирани се оддалечи од вас. Сфатете дека таа личност, исто како и вас, има свое минато, поранешни партнери, но и сопствен приватен живот за кој вие не треба да знаете сѐ, посебно не на почетокот на врската. Со ваквото однесување ќе покажете незрелост и неподготвеност да бидете во врска.

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за 25.09.2024 – Мотика Хороскоп

Финансиски хороскоп за секој знак до 30 септември