Љубовниот живот на Мик Џегер е богат со бројни афери кои не престануваат да шокираат
Љубовниот живот на Мик Џегер со години завршувал на насловните страници, а рокерот од „Ролингстоунс“ не е познат само по својата музика, туку и по бројните девојки и врски, откако станал славен во 1960-тите години. Овој 80-годишен музичар двапати се женел, има осум деца и се проценува дека спиел со 4.000 жени.
Сепак, се чини дека Мик се смирил откако ја запознал долгогодишната девојка Мелани Хемрик (36), која ја запросил минатата година. Неговиот љубовен живот бил повеќе од турбулентен, додека ја изневерувал речиси секоја жена со која бил.
Наводно, низ неговиот кревет поминале повеќе од 4.000 жени, а генерално љубел помлади девојки. Во музичката историја останал запаметен и како еден од најголемите плејбои во рок-светот.
Од 1966 до 1970 година бил во врска со британската кантавторка Мериен Фејтфул, со која го напишал синглот Sister Morphine, песна која се нашла на албумот Rolling Stones.
Кон крајот на нивната врска се вљубил во американската пејачка Марша Хант, со која ја изневерувал Фејтфул.
Хант во тоа време била во брак, па исто така го изневерувала својот сопруг, а таа е и мајката на неговата прва ќерка Карис. Токму Марша е инспирацијата за песната Brown Sugar, која подоцна станала хит на бендот. Неколку месеца подоцна, нивната врска се распаднала додека таа сè уште била бремена, а во животот на Џегер се појавила Бјанка През-Мора Масијас.
Двојката се венчала во 1971 година во француското Сен Тропе, а заедно добиле една ќерка, Џејс Џегер. Се разделиле во 1977 година, а тој во меѓувреме имал афера со плејбој-зајачицата Бебе Буел. Аферата траела две години, но Џегер и неговата сопруга никогаш не го средиле односот.
Мик ја запознал американската манекенка Џери Хол кон крајот на 1977 година и веднаш се вљубил во неа. Почнале да живеат заедно, а за време на нивната турбулентна врска добиле четири деца.
За време на врската со Џери, пејачот имал афера со Карла Бруни, која подоцна станала француска прва дама, а биле заедно дури три години. Сепак, Хол го оставила дури откако излегла на виделина неговата афера со манекенката Лусијана Хименез Морад.
Се зборувало дека Мик Џегер ги изневерувал жените и со мажи, како и дека не му било проблем да ги дели со колегите.
Инаку, покрај осумте деца што ги има со пет различни жени, Џегер има и пет внуки и една правнука.
„Тоа е само фантазија на расипан старец“: Ќе ви се слоши од трачот за Мик Џегер и неговата девојка
Извор: ubavinaizdravje.mk


