in , , , ,

ВИДЕО: Бејби Лазања претставник на Хрватска на „Евросонг“

Победник на овогодишниот музички натпревар „Дора“, кој ќе ја претставува Хрватска на „Евровизија“ во Малме, Шведска, е Бејби Лазања со песната „Рим тим таги дим“. Пејачот, чие вистинско име е Марко Пуришиќ, пред новинарите потоа, емотивно и со солзи, победата му ја посвети на семејството.

– Тешко е да се посвети победа на еден човек, но семејството е секогаш на прво место, затоа ова го посветувам на семејството, рече Марко,

Победата на Бејби Лазања предизвикува поделени мислења и контроверзии во хрватската јавност.

Инаку, тој влезе во натпреварот како резерва, т.е. замена за пејачката За-За. Таа потоа ја поздрави неговата победа, како и други негови колеги.

Бејби Лазања доби 74 поени од жирито и дури 247 според гласовите на публиката.

Извор: kurir.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 прашања кои треба да си ги поставиме пред да се вратиме со бившиот

Ве боли грбот? Можеби правите некоја од овие грешки