in ,

Многу е важно кога ве боли главата да знаете како да си помогнете

Попладневните главоболки најчесто се појавуваат кај луѓе кои подолго време седат на стол.

Утринските главоболки лесно може да се надминат со помош на одредени намирници, а кога се предизвикани од промена на времето помагаат некои суплементи.

Ако се разбудивте со главоболка, почнете го денот со неколку јатки. Во текот на денот продолжете да ги јадете како ужинка. Здравите масти ја олеснуваат тензијата меѓу мускулите и нервите.

Попладневните главоболки најчесто се појавуваат кај луѓе кои подолго време седат на стол. Предизвикани се од неприродната положба на телото. Во ваков случај најпрво протегнете се и раздвижете се, ќе забележите подобрување по неколку минути.

Стресот од работната недела кулминира во петок, а во сабота веќе ги чувствуваме последиците. Доколку се случи ваква главоболка, пред да посегнете по аналгетик, отспијте околу 30 минути. Бидете мирни, на тој начин го контролирате нивото на кортизол во телото.

фото:Freepik

извор:курир.мк

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Астропрогноза за сабота, 17 февруари: Нови можности за Овните, убави промени за Стрелците

Најважната „ситница“ во бракот која ја прават добрите сопрузи и сопруги