in ,

Најважната „ситница“ во бракот која ја прават добрите сопрузи и сопруги

Има многу знаци кои укажуваат дека имате добар сопруг – тој е човек кој ви помага, ве утешува, ве прави среќни, ги слуша вашите желби, соништа и проблеми, ве сака… Имате доверба во добриот сопруг и знаете дека може да се потпрете на него.

Но, тоа е и личност која може да ги сподели своите недостатоци со вас. Поконкретно, грешките што неизбежно ќе ги прават во текот на животот бидејќи никој не е совршен.

Експертите се согласуваат дека добрата комуникација е најважната основа за успешен брак. Тоа подразбира споделување на сè убаво во животот, но и разочарувања, неуспеси и порази.

Добрите сопрузи и сопруги му ги признаваат грешките на партнерот, очекуваат разбирање за нивните постапки, но и бараат решенија за да не ги повторуваат истите грешки.

Знаат дека не се совршени, не се однесуваат арогантно кога знаат дека грешат. Напротив, кога партнерот има поинакво мислење од нив, тие ќе ги слушаат и ќе го почитуваат нивното мислење дури и ако не се согласуваат со него. Пред се, нема да се плашат да побараат стручна помош од трети лица.

Кога ќе ви се расипе колата, без размислување ќе ја однесете во сервис. Кога нешто ќе пукне во вашиот брак или врска, дали ќе го третирате исто?

Извор: kurir.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Влезете во официјална Фејсбук група за забава на Вирално.мк

Целосна Тик Ток видео приказна за Тоше Проески