in ,

За долга и среќна врска: Како паметно да се расправате?

Ако веќе се расправате, правете го тоа конструктивно.

Бракот заснован на силно пријателство и заемно почитување може да издржи одредена количина конфликт. Меѓутоа, кога расправиите завршуваат на начин што не ја поправа потенцијалната штета што ја предизвикале, со текот на време пријателството и почитта, кои се темелите на успешниот брак, може да пропаднат.

За да бидат кавгите корисни, без да ѝ наштетат на вашата врска и да можете мирно да продолжите по нив, важно е да знаете две правила за паметно и конструктивно расправање што ги следат среќните двојки.

Ферплеј и избегнување ескалација на конфликтот

Како што објаснува психологот Хариет Лернер, луѓето во брак честопати се однесуваат така што интензитетот на гневот им дава за право да кажат што било, затоа што се премногу лути за да можат да контролираат што ќе им излезе од устата. Сепак, секоја личност може и мора да дејствува поинаку и подобро од погоре наведеното.

Како до ферплеј? Идеално, во расправија треба да ги исклучиме сите „удари под појасот“, како обвинувања, прозивки, проповедање, лажен морал, наредување, закани, исмејување, мудрување.

Ако и двајцата не сте навистина многу чесни и фер, ќе има повремени прекршувања на правилата и аргументите ќе одат во погрешна насока. Кога тоа ќе се случи, мора да вложите напор да не ескалира целата таа негативност. Преземете иницијатива и обидете се да ја смирите ситуацијата.

Ако ви дојде нагон да помислите „Еве, одиме пак одново“, одморете се и продолжете го разговорот малку подоцна, кога ќе преовладува смиреноста над лутината.

Исто така, не се измачувајте со лутина или тишина. Наместо тоа, изразете подготвеност да водите разговор што ќе биде исполнет со разбирање и почит.

Слушајте со срцето и – извинете се

Лернер наведува дека најголемиот предизвик за двојките е да го решат конфликтот на начин што ќе ги зближи и ќе им даде чувство на секој од партнерите дека другата страна ги гледа, слуша и разбира. За да биде можно вакво решавање на конфликтот, важно е да се работи на вештини за слушање во моменти кога се појавуваат разликите.

Најлесно е да го слушаме партнерот кога ќе ни каже колку сме убави, забавни и паметни, а сепак кога треба да добиеме критики, автоматски заземаме одбранбен став. Обично, за повеќето луѓе, се чини е „загарантирано“ дека за време на расправијата ќе слушнат неточни и искривени информации и претерувања кои секогаш се присутни во кавга. Ги слушаме за да можеме да ги коригираме и да ја дадеме нашата верзија на приказната. Едноставно – го слушаме она со кое не се согласуваме.

Меѓутоа, ако сакаме последицата од кавгата да не биде дистанцирање, потребно е да се избегне ваквото одбранбено слушање.

Следниот пат кога ќе расправате, обидете се да се фокусирате на работите со кои се согласувате, за да се обидете да разберете што вашиот партнер сака да разберете. Запрете се во нагоните да го прекинувате и поправате вашиот партнер, да му ги вадите гревовите од минатото или да правите што било друго што ќе направи да се чувствува како воопшто да не го слушате.

Запомнете дека само изговарањето на зборот „Извини“ не мора да му помогне на вашиот партнер повторно да се чувствува смирено и безбедно во вашата врска. Искреното извинување мора да вклучува и сфаќање дека не сте биле во право и да му го признаете истиот факт на вашиот партнер. Секако, сите горенаведени работи треба да важат и за вашиот партнер.

И кога ќе сфатите дека се потребни промени во вашата комуникација, не бидете тврдоглави. Бидете првите што ќе се променат. Вашите напори ќе доведат до промена во обајцата, а можеби и тие ќе бидат заслужни за зачувување на вашата врска.

Извор: kajgana.com

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германија ќе излезе од ЕУ ако AfD победи на изборите, порача шефицата на партијата

Дневен хороскоп за 23.01.2024 – Мотика Хороскоп