Според апликацијата за запознавање Bumble, во 2024 година се очекува голем пораст на врските со значителна разлика во возраста.
Тие предвидуваат дека самците повеќе ќе се фокусираат на тоа да бидат поотворени за состаноци со помлади или постари потенцијални партнери.
Имено, во изминатите година дена се појавија многу трендови кога станува збор за запознавање партнери, но апликацијата Bumble, врз основа на увидите на своите корисници, објави годишен извештај во кој истакна дека самците станале поотворени за врски со значително поголема разлика во години.
„Ќе видиме сингл кои го отфрлаат постојаниот стремеж кон совршенство, отфрлаат застарени временски рамки, поставуваат предизвици и ставаат поголема вредност на емоционалната ранливост и заедничките приоритети“, напишаа тие.
Психотерапевтот Тоби Ингам, кој е и автор на книгата „Retroactive Jealousy, Making Sense of It“, им објасни на медиумите дека не постои „совршена“ старосна разлика за започнување врски.
Тој наведува дека порано постоела идеја дека треба да се одземе половина од возраста, а потоа да се додадат 7 години за да се добие таканаречената совршена разлика во години кога е во прашање изборот на партнер.
„Тоа сега можеби е застарено. Од една гледна точка, можеби претпочитаме нашите партнери да бидат врсници. Ако јазот бил бил преголем, би имало проблеми во однос на културните вредности, интересите и слично. Сега, акцентот на општеството на инклузивноста и нормализирањето на разликите би можело да ги искорени таквите идеи“, објасни тој.
Иако романсите со разлика во години се сѐ почести, сепак успеваат да го предизвикаат вниманието на луѓето. Но, бидејќи луѓето сѐ повеќе се грижат за своите лични приоритети, се очекува таквите односи да се зголемат.
Извор: kajgana.com


