in , , , ,

Тој најмногу ќе се опари за дочекот на Новата 2024 година: Здравко Чолиќ за новогодишната ноќ во Дубровник ќе земе шокантна сума

Најголемата регионална ѕвезда Здравко Чолиќ за дочекот на Новата 2024 година на Страдун во Дубровник ќе земе дури 130.000 евра, пренесуваат хрватските медиуми.

Како што наведуваат, ова е убедливо најголемата сума што пејач ја добил за настап на новогодишната ноќ во Хрватска, по Дино Мерлин, кој, според хрватските медиуми, наводно земал 80.000 евра за дочекот на 2018 година во Дубровник.

– Драги пријатели, се радувам на Дубровник, на дочекот на Новата година на Страдун, најубавата сцена на светот! Ве сака и ве поздравува Здравко Чолиќ – порача пејачот кога беше објавено дека ќе пее во Дубровник.

Да потсетиме, како што претходно напиша српски „Курир“, најскапиот дочек во Белград е со Владо Георгиев, бидејќи оние кои сакаат да влезат во Новата година со овој кантавтор, ќе мора да платат дури по 500 евра по човек.

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Љубиша со овој микс докажа уште еднаш дека е голем мајстор, слушнете го миксот

Според Љубиша ова е најдобрата песна што беше одбрана како преставник за на Евровизија од Македонија