in , , ,

Дино Мерлин: Моите деца нема да возат „Ферари“, да „шмркаат“ – еве што ме прави најсреќен

Моите деца се учтиви, вредни, објасни Дино.

Дино Мерлин поради огромниот интерес одржа четири концерти во белградската Старк Арена, а исто толку пати се појави и пред загрепската публика која го пречека со громогласен аплауз.

Пејачот оваа прилика ја искористи да разговара со медиумите во Хрватска, а зборуваше и за бројни актуелни случувања, за самиот концерт, но она што е многу ретко – зборуваше за својот приватен живот. На концертите се фалеше дека станал дедо, а сега потенцираше колку е горд на своите деца.

Познато е дека тој ги има ќерката Наида и синот Хамза, но и двајцата ретко се појавуваат во јавноста. Не се занимаваат со јавен бизнис и никогаш не сакале да бидат во медиумите.

-Вака со овие бранови на животот доаѓаат среќни и помалку среќни моменти, но секогаш е важно да бидете достојни за моментот во кој се наоѓате. Важно е да останете луѓе во најелементарните работи. Да речеме дека сум многу среќен поради мојот приватен живот, бидејќи никогаш нема да прочитате дека син ми вози „ламборџини“ или „ферари“, колку се расфрлаат со пари, како “шмркаат“… Моите деца се учтиви, вредни, објасни Дино за ХРТ и додаде:

-Мојата најголема среќа е кога ќе дојде таксист и ќе рече: „Ги знам твоите песни и се, но твоите деца се многу скромни“. И тоа е вашето најголемо достигнување. Драго ми е што живееме пристоен живот и се солидаризираме со луѓето, додаде пејачот.

Извор: kurir.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ГОДИШЕН ХОРОСКОП ЗА СТРЕЛЕЦ ЗА 2024: Доаѓаат радикални промени во животот, направете листа на приоритети

Забавни слики и мемиња кои ќе ве насмеат – 3ДЕЛ