in ,

Вучиќ најави изградба на гасна интерконекција кон Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заедно со колегите од Софија и Баку денеска во Ниш ја пуштија во употреба гасната интерконекција Србија-Бугарија. Вучиќ најави изградба на гасна интерконекција и кон Македонија.

„Гасна и воопшто енергетски инфраструктури ние и во иднина ќе градиме, што е влезено и во планот на (еврокомесарот Оливер) Вархеји, ќе градиме гасна интерконекција и кон Северна Македонија. Се надевам дека и во Босна и Херцеговина ќе се договорат, да можеме кон Република Српска и воопшто кон БиХ да градиме гасни интерконектори“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека следната година ќе почнат работите за изградба на нафтовод меѓу Србија и Унгарија.

Извор: kajgana.com

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за 11.12.2023 – Мотика Хороскоп

Како да му кажете збогум на пријател? Три начини на кои можете да го прекинете пријателството кое веќе не ви одговара