in ,

X официјално дозволува XXX содржина

Условите за користење на платформата X сега дозволуваат NSFW содржина, освен во профилните слики и банери.

Платформата X (порано позната како Twitter) ги ажурираше своите упатства за да им овозможи на корисниците „да споделат консензуално креирана и дистрибуирана голотија и сексуално однесување на возрасните“, сè додека таквата содржина е означена и не е на истакната позиција како што е слика на профил или банер.

Упатствата се конкретно објаснети во објава од профилот @Safety на платформата X:

Во минатото, X, или Twitter, конкретно не забрануваше порнографски содржини. Платформата стана дури и место за заработка на некои NSFW креатори, по лансирањето на услугата Twitter Blue (сега X Premium).

NSFW содржините (Not Safe For Work) би можеле да станат уште една форма на приход за X, кој се бори со опаѓање на продажбата на реклами откако Илон Маск ја купи компанијата.

X ќе бара од корисниците кои редовно објавуваат NSFW содржини да ги приспособат своите поставки и да ги означат фотографиите и видеата како „чувствителни содржини“.

Новите правила на платформата важат за сите содржини за возрасни, вклучително и генерирана со вештачка интелигенција, фотографска или анимирана содржина. Стандардно, корисниците кои се под 18 години или немаат внесено датум на раѓање не можат да гледаат NSFW материјал.

Извор: kajgana.com

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дали навистина треба да пиеме чаша вода кога ќе се разбудиме?

Колку коњи гледате на сликата – Бројот открива дали сте создадени за директор или работник