in , ,

Ова се трите најнеуредни хороскопски знаци

Шкорпија

Шкорпиите многу ретко ја чистат куќата. Исклучок е само кога имаат ВИП гости, па се трудат да си ја одржуваат куќата уредна. Но, дури и тогаш, тие не се трудат премногу, бидејќи едноставно не им е грижа што велат другите луѓе за тоа како изгледа нивната куќа. Реално, Шкорпиите воопшто не се заинтересирани за чистење на домот, повеќе би сакале да гледаат серии, да играат игри, да се забавуваат со друштвото или да гледаат телевизија.

Лав

За еден Лав, чистењето на куќата е залудна задача. Неизмиените садови во мијалникот не се причина за грижа. Сето ова сигурно во одреден момент ќе го решат, а дотогаш рамнодушно гледаат на нередот. За Лавовите личниот изглед секогаш е на прво место, а се останато на второ место. Ако брза на работа, тогаш местењето на креветот или чистењето на куќата нема да му биде приоритет.

Јарец

Јарците не можат да се наречат неорганизирани луѓе, особено не машките припадници на овој знак. Но, едноставно не ги сакаат домашните работи. Тие повеќе би сакале да поминуваат часови гледајќи во телефонот или телевизорот. Јарците веројатно во одреден момент ќе ја исчистат куќата, но мора да е некоја екстремна неопходност која ќе го принуди Јарецот сам да го направи тоа.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Родените во овој хороскопски знак се најголемите борци, еве за кого станува збор

Соништата ќе станат реалност: Четири хороскопски знаци најсреќни во јуни