in , , ,

Сега се е јасно? Еве како Џеј Ло била запишана во телефонот на Афлек

Медиумите не престануваат да брмчат за наводниот развод на Џенифер Лопез и Бен Афлек.

Латино дивата Џенифер Лопез деновиве е во центарот на вниманието заедно со Бен Афлек.

Се почести се наводите за нивниот развод, некои тврдат и дека Афлек се иселил од семејната куќа, бидејќи често јавно го симнува бурмата, но двајцата со краткото заедничко појавување се обиделе да демантираат се.

Иако се уште нема официјални потврди, папараците на секој начин се обидуваат да дознаат нешто ново. Така, во една прилика го снимиле телефонот на Афлек во моментот кога Џенифер му се јавувала, па сликата на која се гледа како му пишувало на актерот веднаш се проширила на социјалните мрежи.

На екранот беше испишана „Џенифер Афлек“, па многумина не веруваат во колапс на бракот на холивудската двојка.

Да потсетиме, Џенифер по бракот го промени презимето, па сега тоа е Џенифер Лин Афлек.

Сепак, изворите сепак велат дека нивниот брак нема ни најмали шанси за успех, додека Џеј Ло им забранила на сите да ја прашаат за тоа, па на промоцијата на нејзиниот нов филм Атлас во Мексико одбила ниту да ги демантира тврдењата дека нејзиниот брак заврши одамна.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за 26 мај, 2024 година!

Дневен хороскоп за 27.05.2024 – Мотика Хороскоп