in , , ,

[ФОТО] Џеј Ло фотографирана за првпат по гласините за разводот: Еден детаљ привлече вниманије

По неодамнешните гласини дека Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат, 54-годишната актерка беше фотографирана при пристигнувањето во студио за танц во Лос Анџелес. Еден детаљ го привлече вниманието на фотографот – среде гласините за развод, Лопез сè уште го носи својот венчален прстен.

Имено, како што пишува „In Touch Weekly“, на актерот му се „смачило“ и решил да се разведе од пејачката, а наводно веќе се иселил од куќата која ја делат. Ова го потврди извор близок до парот. „Готово е, тие се разведуваат, а овој пат Бен не треба да се обвинува за тоа“, тврди изворот.

Фановите претходно забележаа дека парот не поминува време заедно со недели. Актерот не беше на Мет Галата со неговата сопруга на 6 мај и покрај нејзината важна позиција како копретседавач на настанот.

“Сега тој е фокусиран на работата и неговите деца. Бен веќе се исели и веројатно ќе ја продаде својата куќа од соништата, која ја бараа цели две години. Тие никогаш нема да престанат да се сакаат, но таа не може да го контролира него, а тој не може да ја промени неа. Немаше шанси ова да потрае“, тврди изворот.

Извор: tocka.com.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ако мажот ги покажува овие знаци кон вас тогаш е лудо заљубен: Колку и да се крие, едно нешто прво го издава

Интересни и по малку комични слики – 79ДЕЛ