Според Дејли Мејл, продажбата на билетите не оди добро, па организаторите сакале да ги откажат концертите. Сепак, пејачката и нејзиниот менаџер одбија.
Лопез (54) тргнува на пат следниот месец и ќе одржи серија концерти низ Америка за да го промовира својот нов албум „This Is Me…Now“.
Но, како што стојат работите, таа сè уште се соочува со слаба продажба на билети, а некои седишта сега се продаваат за само 10 долари, пишува Дејли мејл.
Инсајдер рече дека недостатокот на внимание за нејзината турнеја може да се должи на тоа што била „преекспонирана“.
– Џеј Ло е премногу експонирана. Прво беше нејзиниот брак, потоа нејзиниот бескраен меден месец, потоа филмот, а потоа и објавувањето на албумот. Потоа се почувствува должна да ја раскаже љубовната приказна на неа и на Бен во документарниот филм што таа го финансираше наречен „The Greatest Love Story Never Told“. И сега турнејата. Едноставно е премногу – изјави упатениот за споменатиот медиум и додаде:
– Џенифер отсекогаш била маркетиншки и ПР гениј, но нејзината најголема погрешна пресметка е тоа што мисли дека светот се уште е заинтересиран за нивната љубовна приказна. Но, никој повеќе не се грижи за Бенифер. Светот продолжи понатаму.
Извор: popara.mk


