in ,

Психијатар откри што навистина значи кога заборавaме што сонувавме

Експертите велат дека нашите соништа се допир со нашата потсвест. Има луѓе кои воопшто не се сеќаваат што сонувале, па дури и мислат дека немаат соништа.

Психијатарот и психотерапевт Владета Јеротиќ еднаш објасни што би можело да биде причината зошто некој го заборавил тоа што го сонувал.

„Луѓето кои ги забораваат своите соништа не сакаат да се спознаат себеси, јас сум зборувал за ова повеќе од еднаш. Всушност, тоа значи дека не сакаат да го знаат своето негативно јас. Не е добро кога луѓето велат дека не се сеќаваат што сонувале, а има и такви кои велат дека воопшто не сонуваат“, изјави тој.

Нема луѓе кои не сонуваат, науката тоа го докажа. Човек сонува секоја вечер и не мора да се сеќава на сè, а обично тие утрински соништа се паметат. Не е добро да поминат еден месец, два-три, а да не се сетите на некој од вашите соништа. Тоа би било како да избегнувате да препознаете некој негативен дел во себе.

Деирдре Барет, професорка по психологија на Харвард и авторка на книга за квалитетен сон и сонување, истакна дека соништата се јавуваат откако ќе влеземе во REM фазата на спиење.

„Луѓето кои имаат тенденција да размислуваат аналитички – почесто се сеќаваат на своите соништа, за разлика од оние кои се фокусирани на целта на нештото. Ако се разбудите при крајот на REM фазата, кога телото само се подготвува за другите фази на спиење, најмногу ќе се сеќавате на вашите соништа“, додаде таа.

Извор: kajgana.com

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Спремни ли сте за комични и забавни животни – 4ДЕЛ

eFootball 2024 Љубиша Гејминг: Наполи против Интер