in , ,

Јована Јеремиќ ја темпирала втората бременост! „Кралот на лебот“ ќе чека уште едно дете до 2026 година, причината е неверојатна

Српската водителка Јована Јеремиќ (33) посакува второ дете, но одлучила тоа да се случи најрано кон крајот на 2025 година, а најверојатно дури во 2026 година!

Иако ужива во љубовта со бизнисменот Драган Станковиќ, сопственик на синџир пекари, поради што многумина го нарекуваа „крал на лебот и кифличките“, Јована нема намера да забремени речиси две години, пишува српски „Телеграф“.

– Јована силно верува во астрологијата и прилично се придржува до сè што ѝ кажува астрологот во кого има доверба. Во врска со тоа, „прогнозата“ е таква што „за неа најдобро е да забремени дури на крајот на 2025 година, односно во 2026 година“. Јована цврсто верува во тоа и нема намера да забремени пред терминот што ѝ го „предвидел“ – вели извор близок до водителката за српски „Телеграф“.

– Драган веќе има деца, тој е и дедо, па и не му се брза, но и двајцата би сакале да имаат заедничко дете. Ќе видиме што ќе се случи, дали тој ќе биде оној со кој Јована ќе забремени по вторпат, но таа вели дека тој е љубовта на нејзиниот живот, па веројатно и ќе почекаат да „дотуркаат“ до датумот којшто нејзе ѝ е прифатлив за повторно да се реализира како мајка – додал соговорникот.

По овој повод, од „Телеграф“ ја контактирале Јована, но таа истакнала дека извесно време нема да дава изјави за медиумите, бидејќи одлучила малку да одмори.

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТИК ТОК ХУМОР: Мајне либе шеф :)

Ана Трпеска е во врска со еден од најпознатите инфлуенсери во Македонија и соптвеник на забавен итернет портал