in ,

Oброк со мексикански шмек: Чили такос

Комбинацијата од пикантно чили, свеж зеленчук и крцкави тортиљи создава совршен баланс на вкусови, подготвен за само неколку минути.

Ако барате брз и вкусен оброк со мексикански шмек, овие чили такоси се одличен избор. Комбинацијата од пикантно чили, свеж зеленчук и крцкави тортиљи создава совршен баланс на вкусови, подготвен за само неколку минути.

Состојки:
1 пакување Chilli con carne
1 авокадо
50 грама слатка пченка маринирана
1 црвен кромид
5–6 чери домати
рукола или друга зелена салата по избор
2 тортиљи

Подготовка:

Префрлете го чилито во сад и загрејте го според упатството на пакувањето. Авокадото, кромидот и чери доматите исечкајте ги на помали парчиња.

Кратко запечете ги тортиљите на сува тава од двете страни. Наполнете ги тортиљите со загреаното чили, додајте го подготвениот зеленчук, руколата и завршете со пченката.

Послужете веднаш додека тортиљите се топли, а зеленчукот свеж и крцкав. По желба, додадете неколку капки сок од лимета за уште поосвежителен вкус.

Извор: kurir.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за вторник, 23 јуни: Скорпии, донесувајте важни одлуки мудро, Бикови, размислете внимателно за понудите што ги добивате