Ќерката на пејачката Гоца Тржан, Лена, заврши државно средно училиште, а важниот животен момент го одбележа со матурска забава, од која сподели низа фотографии со своите следбеници кои предизвикаа воодушевување на социјалните мрежи.
Убавата матурантка блескала во спектакуларен цветен фустан кој напред бил кроен како мини-фустан, додека одзади имал долг додаток кој се спуштал од половината и елегантно се влечел по подот.
Романтичниот дизајн дополнително ја нагласуваше нејзината младост, женственост и природна убавина, па многумина се согласија дека наследничката на Гоца прераснала во вистинска убавица.

Лена објави неколку фотографии со пријатели со кои го прослави крајот на едно важно поглавје од нејзиниот живот, како и со своето момче, младиот фудбалер Вукашин Јовановиќ. Заљубениот пар позираше насмеани, а нивните заеднички фотографии привлекоа големо внимание од следбениците.
Меѓу првите што коментираа беше гордата мајка, Гоца Тржан, која не ги криеше своите емоции поради успехот на нејзината ќерка.
– Мајчина… – напиша кратко пејачката со љубовен емотикон, јасно ставајќи до знаење колку е горда на својата наследничка.
Бројни следбеници се придружија на честитките, а комплиментите за изгледот и модните комбинации на Лена постојано пристигнуваа. Нема сомнение дека таа долго ќе ја памети оваа матурска вечер, исто како и нејзиното семејство кое го прослави големиот успех со неа.
foto: printscreen/instgaram/lenamarincovic/gocatrzan
Извор: vistina.com.mk


