in ,

Сочни батаци со лук: Лесни се за подготовка, но освојуваат со вкус

Печените пилешки батаци се многу вкусно јадење кое е лесно за подготовка и не бара многу време во кујната.

Уживајте во едноставен рецепт за пилешки батаци печени во бело вино и зачини.

Состојки:

4 пилешки батаци со карабатак
1 китка магдонос
100 г презла
40 г пармезан
5 чешниња лук
2 дл бело вино
масло
сол

Подготовка:

Пилешките батаци се зачинуваат, се валкаат во презла и се ставаат во плех за печење.

Се преливаат со лук, магдонос, пармезан, масло и бело вино.

Јадењето се пече покриено со фолија на 250 степени Целзиусови околу еден час, а кон крајот се открива за да добие златна кора.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Грешки што ги правиме кога ја фарбаме косата дома: Фризерите откриваат зошто бојата излегува нерамномерна

3 хороскопски знаци влегуваат во златен период: Сонцето е во Близнаци до 20 јуни