Мај е месец кога природата цвета, а очекувањата на вработените растат побрзо од буџетот на компанијата. Некаде помеѓу првомајските празници и враќањето во реалноста, многумина ќе го постават истото прашање: дали конечно дојде време за покачување или барем за помалку состаноци?
Ѕвездите можеби имаат одговор, но корпоративната реалност секогаш го има последниот збор.
Овен
Покачување: Во најава, исто како и твојот план „малку да забавиш“.
Реалност: Добиваш уште еден проект затоа што „ти тоа го можеш најбрзо“.
Бик
Покачување: Заслужено, но останува во доменот на теоријата.
Реалност: Добиваш состанок на тема „оптимизација на трошоците“ (твоите).
Близнаци
Покачување: Зависи која верзија од приказната на кого си му ја кажал.
Реалност: Три состаноци дневно, ниту еден со јасен заклучок.
Рак
Покачување: Емотивно очекуваш признание.
Реалност: Добиваш едно „фала ти многу, многу му значиш на тимот“ без бројки.
Лав
Покачување: Сите мислат дека веќе си го добил.
Реалност: Добиваш јавна пофалба и приватна дополнителна задача.
Девица
Покачување: Математички е потполно оправдано.
Реалност: Ги добиваш туѓите грешки на корекција и уште еден Excel.
Вага
Покачување: Можеби, ама „не е вистинскиот момент“.
Реалност: Уште еден состанок за да се „усогласиме“ без епилог.
Скорпија
Покачување: Знаеш точно кој го добива. Не си ти.
Реалност: Добиваш информации кои никој друг ги нема и ги користиш.
Стрелец
Покачување: Планираш да го побараш… следната недела.
Реалност: Добиваш уште еден „call“ додека машташ за одмор.
Јарец
Покачување: Изгледа како логичен следен чекор.
Реалност: Добиваш уште една задача „кога ќе стигнеш“ (што значи веднаш).
Водолија
Покачување: Твојата идеја би можела да го донесе.
Реалност: Добиваш дополнителна работа бидејќи си „најсигурен“.
Риби
Покачување: Надеж постои.
Реалност: Состанокот ти поминува во размислување за смислата на животот, кимнуваш на крајот и велиш „важи“.
Извор: kurir.mk


